Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Клуб П.Е.Т. зеде учество на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион. За време на саемот на кој се претставија социјални претпријатија од Пелагонискиот регион, Клуб П.Е.Т. ја промовираше својата економска активност која има социјална мисија.

Саемот се одржа во фоајето на Народен театар – Битола, а активноста беше организирана во рамки на проектот Support to Social Enterprises – Поддршка на социјалните претпријатија. На настанот беа презентирани и огромните можности за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија преку обезбедување на финансиска, менторска и друга поддршка од различни засегнати страни.

 

За време на настанот свои обраќања имаа и Г. Драган Дамјановски – претседател на Фондацијата за поддршка на претприемништвото и прекугранична соработка и Регионалната канцеларија за поддршка на социјалното претприемништво во Пелагониски регион, Г-ѓа Барбара Садовск, тим лидерка на проектот: „Поддршка на социјалните претпријатија“, организатор на саемот и претседателка и ко-основач на Фондација „Барка“ од Полска, како и претставници на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион кои ги претставија своите успешни приказни. Настанот продолжи со посета на изложбените штандови при што беа разменети идеи и искуства од учесниците. На крајот се одржа round-table дискусија за презентација на потенцијалните можности за раст на најиновативните социјални претпријатија во регионот, при што активно учество зедоа претставници од социјалните претпријатија кои дискутираа за можностите за развој, но и пречките и предизвиците со кои се соочуваат при секојдневната работа.

 

 

Во насока на ова, Клуб П.Е.Т. ја промовираше и својата економска активност пред различните чинители при што беа презентирани целите, визијата и мисијата на социјалното претпријатие, кое започна со работа на почетокот на оваа година. Клуб П.Е.Т. нуди опремен простор во центарот на градот со капацитет до 30 лица, издавање на простор за организација на настани (семинари, обуки, работилници, конференции, трибини), пакет услуги со храна и пијалоци, како и издавање на простор за индивидуална работа со обезбедена опрема и покриени режиски трошоци. Главната социјална цел на Клуб П.Е.Т. е поддршка и унапредување на правната помош за маргинализираните заедници.

Автор: СТАНИЦА  П.Е.Т Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи