Неофицијално : Министерствата за здравство, администрација, дијаспора – Алтернатива добива 47 високи позиции

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Централното претседателство на партијата Алтернатива, која во Собранието има 4 пратенички места, откако вчера одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство, договорено е да добие 47 високи позиции во валдините институции. Според извори на Алсат ова е местата каде ќе раководат членови на Алтернатива.

  1. Министерство за здравство
  2. Министерство за информатичко општество и администрација
  3. Заменик претседател на Собранието
  4. Министер за дијаспора
  5. Заменик министер за култура
  6. Заменик министер за образование
  7. Заменик министер за финансии, за земјоделство или транспорт
  8. Мепсо
  9. Железнички транспорт
  10. Управа на тетовска болница
  11. Национален граничен координатор
  12. Пензиски фонд
  13. Заменик директор во испитниот центар
  14. Инспекторат за локална самоуправа
  15. Заменик директор во Службен весник
  16. Затвор Идризово
  17. Агенција за странски инвестиции
  18. Агенција за претприемништво
  19. Институт за културно наследство
  20. Инспекторат за стандардизација
  21. Гостиварски театар
  22. Тетовска библиотека
  23. Агенција за млади и спорт
  24. Помошник министер во МВР
  25. Водечки сектор во царината
  26. Агенција за вработување Струга
  27. Кинотека Струга
  28. Сектор МВР Тетово
  29. Клиника Скопје

Целата листа ТУКА.

Денеска во 13 часот, во Клубот на пратениците, каде што свечено биде потпишана програмата за заедничко дејствување, се очекува премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши да ги соопштат сите детали.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи