Централното претседателство на партијата Алтернатива, која во Собранието има 4 пратенички места, откако вчера одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство, договорено е да добие 47 високи позиции во валдините институции. Според извори на Алсат ова е местата каде ќе раководат членови на Алтернатива.
- Министерство за здравство
- Министерство за информатичко општество и администрација
- Заменик претседател на Собранието
- Министер за дијаспора
- Заменик министер за култура
- Заменик министер за образование
- Заменик министер за финансии, за земјоделство или транспорт
- Мепсо
- Железнички транспорт
- Управа на тетовска болница
- Национален граничен координатор
- Пензиски фонд
- Заменик директор во испитниот центар
- Инспекторат за локална самоуправа
- Заменик директор во Службен весник
- Затвор Идризово
- Агенција за странски инвестиции
- Агенција за претприемништво
- Институт за културно наследство
- Инспекторат за стандардизација
- Гостиварски театар
- Тетовска библиотека
- Агенција за млади и спорт
- Помошник министер во МВР
- Водечки сектор во царината
- Агенција за вработување Струга
- Кинотека Струга
- Сектор МВР Тетово
- Клиника Скопје
Целата листа ТУКА.
Денеска во 13 часот, во Клубот на пратениците, каде што свечено биде потпишана програмата за заедничко дејствување, се очекува премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши да ги соопштат сите детали.