Атанасов: Неодржливо е тврдењето дека македонскиот јазик и нација се вештачки

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Проблемот со Македонија е резултат на целосното одбивање на низа бугарски влади да формулираат државна политика адекватна на новите реалности, потенцира бугарскиот историчар Димитар Атанасов за Дојче Веле на бугарски јазик.

„Темата за односот на Бугарија кон југозападните соседи се наоѓа во најболното подрачје на нашата колективна меморија. Помирувањето со минатото е неизбежно. Тоа минува низ горчливото сознание дека скаменувањето на неговите слики е капитал што политичарите вешто го насочуваат кон приватниот интерес. Проблемот со Македонија е резултат на целосното одбивање на низа бугарски влади да формулираат државна политика адекватна на новите реалности“, наведува Атанасов.

Атанасов вели дека за македонската нација, и како и секоја друга, таа е факт и не е потребна добра волја од никого за таа да почне да постои целосно.

„Аргументот дека македонската нација е вештачки создадена е неодржлив – заедниците се резултат на консензус меѓу нивните членови, а не природен феномен“, смета Атанасов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи