За прв пат од постоењето на нордиското скијање во Македонија ќе имаме претставници на светски куп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


За прв пат од постоењето на нордиското скијање во Македонија ќе имаме претставници на светски куп во нордиско скијање, а тоа се нашите репрезентативци Ставре Јада и Ана Цветановска, кои моментално се наоѓаат на подготовки во Ливињо Италија под водство на тренерот Борче Јованоски. Подготовките се за претстојните натпревари, а нивната главна цел секако е Олимпијадата во Пекинг.

Засега тренинзите се одвиваат по план, Јас и Ана Цветановска кој сме кандидати за олимпијадата во Пекинг 2022 се чувствуваме добро, здрави сме и тренираме напорно. Пред 4 дена ни дозволија од ФИС светскиот куп да настапиме во Давос Швајцарија на 11-12 декември. Тоа ќе биде големо искуство за нас, сепак стануба збор за светски куп со елитата, но овој пат за прв пат од постоењето на Македонското нордиско скијање. Досега Македонија немала претставник на светскиот куп во трчање“, истакна за Инфо Компас, нашиот репрезентативец, Ставре Јада.

Јада потенцира дека секако нивната главна цел заедно со Цветановска е Олимпијадата која треба да се одржи воп Пекинг, наредната година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи