„Унгарски културен мозаик“ – во четврток во ЦК „Марко Цепенков“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 9 декември 2021, четврток, од 13 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се реализира манифестацијата „Унгарски културен мозаик“. Посетителите ќе можат да се запознаат со изложба од 20 дела од Унгарците кои живеат во Македонија, како и со настап на музичари.

Манифестацијата е дел од активностите на Унгарското Здружение во Македонија Теледом и Амбасадата на Унгарија, со кои Центарот има долгогодишна соработка.  Воедно ќе има и промоција на унгарски национални десерти.

Проектот е поддржан од Агенцијата за остварувања на правата на заедниците во Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи