Бектеши ги повика граѓаните да пријават трговци кои имаат покачени цени на основните артикли

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за економија Крешник Бектеши преку својот Фејсбук профил ги повика граѓаните да пријават неправилности со цените кај трговците.

„Ги повикувам граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи.

На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи.

Согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало која што е објавена во Службен весник, започнувајќи од 06.12.2021 година се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:

– леб;

– шеќер;

– брашно – тип 400;

– сончогледово масло за јадење;

– трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;

– свежо месо и сувомеснати производи;

– сирење и урда.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година, напиша министерот Бектеши.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи