УХМР: Не очекува потопла зима со повеќе снег

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Зимата 2021/2022 се очекува да биде со малку надпросечни температури и количини на врнежи во однос на многугодишниот просек 1981-2010 година, покажува сезонската прогноза на УХМР изработена врз основа на анализите на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF), Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и други светски прогностички центри.

Тeмпературите на воздухот во Македонија за период декември 2021 – јануари 2022 – февруари 2022 имаат поголема веројатност да бидат надпросечни, со позитивно отстапување од околу 2°Ц од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде поизразено во источниот регион на Македонија.

Се очекува просечно врнежлива зима, со мала веројатност за позитивно отстапување во источниот регион на Македонија и мало подпросечно отстапување во западниот дел.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи