Бектеши: Покачувањето на цената на струјата нема да биде повеќе од 10 %

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Струјата ќе поскапи, но не повеќе од 10 %, велат од Владата. Утре се очекува ЕСМ да донесе одлука со каква цена ќе учествува на јавниот тендер на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

„Согласно Законот за енергетика, цената на струјата од 1 јануари за првите шест месеци од 2022 година ја потврдува Регулаторната комисија за енергетика, но имајќи предвид дека цената што ќе ја понуди ЕСМ кон универзалниот снабдувач многу влијае врз финалната цена, согласно сите проекции, зголемување над 10 % нема да има.

 Со тоа се отфрлаат сите предвидувања од експерти во областа на енергетиката и од одредени политички партии дека зголемувањето ќе биде 30, 40 или 50 %“, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи