Бучковски за ДВ: Ако не се договориме со Бугарија додека Заев е премиер, ќе влеземе во нова неизвесност

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владо Бучковски, специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија  за Дојче Веле изјави дека Заев останува премиер само за да го затвори прашањето со Бугарија.

„Ако не се договориме сега, додека Заев е премиер, ќе влеземе во нова неизвесност. Ќе изгубиме пак многу време, а ние веќе немаме време за чекање! Предолго ја чекавме Бугарија да има политичка Влада. Премиерот Заев останува на позицијата за да го затвори овој процес на преговори со новиот бугарски премиер. Тоа е исклучително важно за утврдување на временската рамка за изнаоѓање на компромисно решение и кревање на блокадата од страна на Бугарија. Да не заборавиме дека идниот претседавач со ЕУ, Франција има претседателски избори во април. Заради тоа, немаме многу време пред да почне нивната кампања“, рече Бучковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи