Стан во Скопје достигна цена од 1.500 евра квадрат

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Цената на становите во Скопје бележи постојан раст од почетокот на 2021 година. Во третиот квартал, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 %.

Во првиот квартал зголемувањето беше 3,2 %, а во вториот 4 %. Тоа резултираше квадратен метар станбена површина да достигне 1.500 евра во општини како Центар и Карпош, а според одредени градежници, цената може да стаса и од 2.000 евра. Во услови на голема побарувачка, како што велат, понудата во одредени подрачја е намалена поради мораториумите за градење во изминатите години.

Последните официјални податоци за издадени одобренија за градење се за септември годинава кога биле издадени 318 одобренија за градење, што е за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани.

Најголем број одобренија се во Полошкиот регион, 66, по што следуваат Скопскиот регион, 62, Југоисточниот, 53, Вардардскиот 46… Најмалку дозволи за градба, 17, се издадени во Пелагонискиот регион.

Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија во септември годинава изнесува 3 833.718.000 денари, за 16,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9  проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. На 195 (61,3 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на останатите 123 (38,7 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи