ВИДЕО – Во Прилеп се одржа манифестацијата „Унгарски културен мозаик“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа манифестацијата „Унгарски културен мозаик“ на која посетителите имаа можност да се запознаат со изложба од 20 дела од Унгарците кои живеат во Македонија, како и да уживаат во дел од презентацијата на унгарската музика, вино и десерти. Манифестацијата е дел од активностите на Унгарското Здружение во Македонија Теледом и Амбасадата на Унгарија во соработка со Центарот за култура од Прилеп со кои оваа установа има воспоставено долгогодишна соработка.

Датира некаде од 2016 година кога за прв пат реализиравме изложба и концерти, за потоа да продолжиме да ја продлабочуваме таа соработка за да можеме да имаме подобра културна понуда не само од наша страна туку и од нивна страна. Значи секоја година во рамки на таа соработка се реализираат концерти, изложби, а секако здружението „Теледом“ се погрижува македонската култура да ја пренеси и во Унгарија. Сега во меѓувреме „Теледом“ го промовираше и ликот и делото на Блаже Конески во Унгарија“, рече Каролина Мицевска, дом за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Од Унгарската амбасада велат дека здружението на Унгарци во Македонија е мала заедница, но која доста е активна е придонесува за зближување на двата народи преку организирање на голем број активности.

Прилеп за нас е доста значајна дестинација. Повеќе години соработуваме, имаме заеднички проекти и затоа ни е важно заедно со здружението и амбасадата го прикажеме творештвото на Унгарците тука во Македонија, барем дел од тоа творештво“, истакна Ласло Дукс, амбасадор на Унгарија во Македонија.

Унгарското Здружение во Македонија Теледом постои веќе 20 години и велат дека се премногу задоволни од тоа како тие како заедница биле прифатени во македонското општество. Здружението броело околу 50 фамилии и сите биле од мешани бракови.

Каде што покрај оние заложби за зачувување на нашата историја, култура и традиција, ние како за многу важно сметаме пред нашите сограѓани во Македонија да се претставиме како добри луѓе, кои се вредни за почитување од страна на нивните сограѓани и заради таа почит да не примат како себе рамноправни во ова општество. Ние гледаме сите наши таленти, способности, да ги дадеме што е можно повеќе на ова општество затоа што Македонија е заедничка татковина на сите нас“, додаде Јожеф Шутуш, претседател на здружението на Унгарците во Македонија – „Теледом“.

Амбасадорт Дукс оствари средба и со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески , на која се разговарало за продлабочување на соработката меѓу Прилеп и Унгарија и размена на искуства во областа на културата и  економијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи