Денеска се очекува ЕСМ да достави понуда до ЕВН Хоум за цената на струјата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска се очекува АД ЕСМ да ја достави понудата на отворениот повик на ЕВН Хоум. Цената на електричната енергија нема да се зголеми повеќе од 10 проценти, тврдат од Владата.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера изјави дека согласно сите проекции, од 1 јануари не очекува да се зголеми цената на струјата повеќе од 10 проценти.

„Согласно Законот за енергетика, цената на струјата од 1 јануари за првите шест месеци од 2022 година ја потврдува Регулаторната комисија за енергетика, но имајќи предвид дека цената што ќе ја понуди ЕСМ кон универзалниот снабдувач многу влијае врз финалната цена, зголемување над 10 % нема да има. Со тоа се отфрлаат сите предвидувања од експерти во областа на енергетиката и од одредени политички партии дека зголемувањето ќе биде 30, 40 или 50 %“, изјави Бектеши.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи