Кој е одговорен за проектот на УНДП за Маркови Кули вреден 100.000 евра – објектите се уништуваат и се оставени сами на себе

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Искршени патокази и уништена куќарката која требаше да биде соодветна „Инфо Точка“, во близина на „Слонот“ на Маркови Кули, каде што посетителите требаа да добиваат информации за локалитетот. Денес таа е само руина каде што се откорнати и украдени од неа ПВЦ вратите и прозорците, а таа никогаш не профункционира за намената за која беше изградена.

Ова беше изградено тука како дел од проектот кој го реализираше УНДП, со грант од ЕУ, вреден 100.000 евра, а со кој требаше да се заштити и доуреди овој комплекс. Претходно беа уништени и двата изградени летниковци.

Со ова се отвора прашањето кој е одговорен за овој проект и зошто се дозволува негово уништување, затоа што дел од проектот требаше да биде и воведување на ренџерска служба која требаше да го чува целиот локалитет.

И директорот на Институтот за старословенска култура, Бранислав Ристески, кои како установа беа дел од овој проект, пред неколку дена изјави дека неразбирливо е зошто се уште не е реализиран овој проект на ЕУ за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, координиран преку УНДП, а чиј носител беше токму Општина Прилеп. Проектот требало да заврши уште пред 2 години, а тоа не е реализирано.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи