Народна банка: Денарот е стабилен, не е точно дека е покачен курсот на еврото

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Народна банка излезе со реакција на веста која во текот на вчерашниот ден се прошири низ јавноста дека е покачен курсот на еврото во однос на денарот, односно дека едно ево кошта над 62 денари.

„Погрешни се информациите кои излегоа на некои од порталите и на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото. Во објавите се прави забуна помеѓу курсната листа за вршење на платен промет со странство за потребите на државните органи, со средниот курс кој е релевантен податок за вредноста на валутите. Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка изнесува 61,69 денари и истиот е непроменет во однос на лани. Во ова може секој да се увери доколку ја посети веб-страницата на Народната банка, каде секој ден се објавуваат овие податоци https://www.nbrm.mk/kursna_lista.nspx и која е единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута. Таа ги отсликува цените на валутите од реалните тргувања на домашниот девизен пазар“, велат од Народна банка.

Како што велат од НБ, девизните резерви кои се клучни и ја гарантираат стабилноста на денарот се на високо ниво, односно двојно повисоко од нивото пред глобалната економска криза во 2008 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи