Од февруари термини за визи за Германија ќе се добиваат преку лотарија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн објави дека од февруари Амбасадата ќе го подобри системот за доделување термини за т.н. визи за Западен Балкан.

„Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 г. секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели). Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година“, напиша Холштајн.

За сите информации за постапката за поднесување на барање за виза, информирајте се на https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2493044.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи