Полицаец фатен со крадени дрва во Кривогаштани


На 09.12.2021 во 05.45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишиле од слобода З.Т.(42). При преглед во возило „Сузуки” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени нежигосани огревни дрва.

„Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумската полиција, а лицето било приведено во Полициското одделение Кривогаштани. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат во соопштението од СВР Битола.

Неофицијално дознаваме дека станува збор за полициски службеник кој веќе е и суспендиран. Подетални информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи