Милевски: Aвтопатот Прилеп-Битола ќе стане реалност

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Со одлуката на Уставниот суд, повеќе нема никакви законски пречки и можам со задоволство да објавам дека автопатот Битола-Прилеп ќе стане реалност, напиша синоќа на својот Фејзбук профил министерот за локална самоуправа Горан Милевски, откако Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на специјалниот Закон за изградба без тендер на автопатите од Коридорите 8 и 10.

Собранието по скратена постапка го изгласа овој Закон со кој на конзорицумот „Бехтел-Енка“ му се даде дозвола да гради неколку делници во Македонија, меѓу кои и автопатот Прилеп-Битола.

Иако Антикорупциска оцени дека со овој Закон се ограничува конкуренцијата и можноста од фер натпревар за тоа кој да ги гради автопатските делници, бидејќи не се предвидува тендерска постапка и побара негово поништување поради високиот ризик за корупција, но сепак Уставниот суд ја отфрли нивната иницијатива.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи