Совет на Европа: Мора да застанеме во одбрана на човековите права повеќе од кога и да е

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


По повод Денот на човековите права, кој се одбележува на 10 декември, генералната секретарка на Советот на Европа изјави дека соочени со предизвиците на денешнината, мора да застанеме во одбрана на човековите права повеќе од кога и да е.

„Човековите права, демократијата и владеењето на правото се под голем притисок. Сега повеќе од кога било мораме да останеме верни на нашите вредности, кои се отелотворени и во Конвенцијата за човекови права, и да обезбедиме брза и ефективна имплементација на пресудите на Европскиот суд“, рече генералната секретарка Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Таа вели дека државите се во искушение да размислуваат за намалување на заштитата на човековите права кога ќе се соочат со тешки предизвици, кога всушност треба да го направат спротивното.

„Кога доаѓаат тешки времиња, тогаш треба да бидеме најмногу посветени на уникатниот систем на вредности што го изградивме во последните 70 години и да се држиме до него“, порачува генералната секретарка Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи