ВИДЕО – За ваша безбедност – Авто Контрол!


Бидејќи условите на патиштата во зима можат да бидат отежнати одговорните возачи посебна грижа за автомобилот посветуваат во овој период од годината пред доаѓањето на зимата. Дозволете Вашиот партнер  техничкиот сервис при АВТО КОНТРОЛ  во сите временски услови, а особено во зима да ги направи потребните проверки и подготовка на возилото.

Бидете сигурни дека сте ги направиле потребните контроли за проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот, притисокот на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави итн, што го препорачува и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата.

Брзата, ефикасна и сигурна проверка и поправка на вашето возило  доверете им ја на младиот, но искусен тим од АВТО КОНТРОЛ кој што ќе се погрижи зимските услови да ги направи безбедни за вас и вашето семејство.

А, за да нема непријатни изненадувања покрај проверката на возилото што би ја направиле кај професионалци и најважното потсетување од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата: носењето на зимската опрема е задолжително и се однесува на периодот од 15 ноември до 15 март наредната година.

Не оставајте ништо на случајноста, бидете сигурни за подготвеноста на возилото во зимски услови!

За Ваша безбедност – Станица за технички преглед АВТО КОНТРОЛ Прилеп !

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи