ЈКП „Комуналец“ гради нов детски парк во кругот на болницата


ЈКП „Комуналец“ гради нов детски парк на јавна површина во кругот на болницата.  Како што известуваат од „Комуналец“ детскиот парк е на барање на жителите од овој дел на градот, а со оглед на тоа што во близина нема друга слободна јавна површина, одлучено е паркот да се гради во кругот на болницата.

„Паркот е со мала површина, но содржи детски реквизити за забава, клупи за одмор и релаксација, и со оградена површина заради безбедност.

Рубинчо Абрашоски, в.д. директор на Јавното комунално претпријатие ЈКП „Комуналец“ најавува дека ќе продолжи практиката за градење на парковски површини и детски игралишта во повеќе населби и маала низ градот.

За 2022 година планирано е да се изградат 4000 м2 парковски површини во градов и населените места, како и обновување на постојните паркови“, известуваат од ЈКП „Комуналец“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи