41 нов случај на ковид-19 во Прилеп


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на КОВИД-19:

Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и  Велес –  по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево – по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод –  по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 433 оздравени пациенти од: Скопје – 182, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 23, Штип – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 14, Тетово – 13, Струмица – 11, Велес и Делчево – по 10, Кочани – 8, Крива Паланка – 6, Берово и Охрид – по 5, Неготино, Радовиш, Валандово и Македонска Каменица – по 4, Македонски Брод и Кратово – по 3, Кичево, Богданци, Демир Хисар, Виница и Демир Капија – по 2, Крушево, Дојран, Свети Николе и Ресен – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 71г, 71г и 83г), 3 починати лица од Битола (70г, 74г, и 84г) и  едно починато лице од Куманово (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Регистрираните починати лица се од  Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи