Дел од Заполжани цел ден под вода, жителите бараат итно помош од Општина Долнени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Поради силниот дожд дел од селото Заполжани цел ден е под вода. Жителите велат дека водата започнала да навлегува и во дел од дворовите. Се плашат дека ако продолжи да врне со овој интензитет дека водата може да започне да влегува по куќите и шталите. Причината за ова ја гледаат во неисчистени канали во и околу селото.

Дел од жителите на селото за Инфо Компас изјавија дека го барале телефонски градоначалникот на Општина Долнени, но не можеле да го добијат. Проблемот го пријавиле  и во полициската станица од каде им рекле дека ќе пренесат во Општината, но досега нема никаква реакција.

Бараат Општината утре итно да реагира за оваа состојба.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи