Планините никогаш посетени како денес, но никако да научиме да ги чуваме!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Живееме во време кога здравиот начин на живот е секојдневна преокупација на населението. Здравите животни навики, здравата исхрана, грижата за сопственото здравје и менталната добросостојба се издигнува на едно повисоко ниво од претходно. Паралелно со тоа поактуелни стануваат темите поврзани со достигнувањето на тие цели и се промовираат придобивките од соединувањето со природата, особено со планинарењето.

Со еден ден поминат на планина добиваш многу придобивки: чист воздух, физичка активност, дружба, акумулирање на сончева енергија, канализирање на негативната енергија….

Планините имаат важна улога во зачувувањето не само на нашето здравје туку и на здравјето на планетата. Тие ги штитат сливовите кои обезбедуваат пивка вода за населението, тие се дом на дивите животни, тие придонесуваат за намалување на загадениот воздух…

Но што е она што ние го правиме за планината? Таа го чува нашето ментално и физичко здравје, но што правиме ние за да ја зачуваме неа?!

Во период кога сите теретани, фитнес клубови, локали и ресторани ни ги затворија вратите поради актуелната состојба – планината за нас ги отвори уште пошироко своите врати за да НЕ дозволи да западнеме во една бездна во која секојдневно пропаѓаме слушајќи ги сите информации од медиумите.

Планините никогаш попосетени. Успесите на регионално ниво никогаш поголеми. Но сметот, егото и меѓусебниот натпревар за себеистакнување се поистакнат.

Ја посетуваме планината – но никако да научиме да ја чуваме.

Затоа денес, на интернационалниот ден на планината да се обидеме да бидеме како неа. Да бидеме силни и издржливи како планина, да бидеме фокусирани во целите кон кои се стремеме да ги постигниме, работејќи напорно, но чесно. Да го допреме небото, но сепак, цврсто да стоиме на земјата. Бидејќи некаде измеѓу самиот старт на искачувањето и врвот доколку останеме силни и детерминирани за да ги надминеме сите падови и неуспеси можеме да се пронајдеме себеси и причините за нашето постоење.

Не се предавајте во борбата да станете најдобра верзија од себеси, бидејќи нема ништо невозможно ако цврсто и напорно работите на своите цели.

Но не го уништувајте изворот на таа сила. Чувајте ја планината, понесете го сметот со себе, не ги уништувајте дрвата – напротив засадете! На тој начин ја проширувате својата среќа. Планината е светилиште кое мораме да го чуваме!

Автор: Маријана Ѓорѓиевска

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи