Дом – домување

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Центар за граѓанска иницијатива од 1999 година е посветен и на помошта на лицата кои имаат проблеми и предизвици со домувањето. Помошта која ЦГИ ја обезбедувал во делот на домување е во различни сегмети и тоа: подготовка на студии за домување, обезбедување на средства за подмирување на основни трошоци на социјално загрозени лицва, обезбедување на огрев и средства за лична хигиена на лица на кои тоа им е потребно, правна помош на лица кои имаат проблем во обезбедувањето на домот и други елементи кои се всушност дом и овозможуваат услови за домување па дури и до постапки за обезбедување на дом на ранливи категории.

Но што всушност претставува домот? Домот е местото од каде што се започнува – кажал Томас С. Елиот. После ова би го додале општиот впечаток дека домот ни е „сигурно место“, место каде што сме заштитени и опкружени со луѓе со кои се сакаме и почитуваме.

Домот е неопходен за здраво семејство, правилен раст и развој на децата во семејството. Отсуството на дом кој ги исполнува основните услови за живеење или дом со многу лоши животни услови има огромно влијание.

Доживувањето на домот и правото на домување за поголемиот дел од населението се  подразбира обезбедување на „сигурно место“ или „покрив над главата“. Но правото на домување претставува многу повеќе од тоа. Тоа всушност е низ на права и услови за живеење како што се условите кои ги носи самата локација пред се инфраструктурни, достапноста до истата, првната заштита на сопственоста. Колку локацијата и условите се културолошки – традиционално прифатливи за жителите и секако какви се личните или трошоците на домаќинството поврзани со домувањето.

Реализацијата на правото на домување бара активно вклучување на заедницата и во процесите на донесување на одлуки околу домувањето.

Домот и домувањето и понатаму се во полето на интерес на ЦГИ во проектите и активностите што следат.

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи