Заев гласаше на вонредните внатрепартиски избори и порача дека СДСМ поставил нов стандард на македонската политичка сцена

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ на кои ќе се избира нов претседател на партијата ќе се одржат денеска, а гласањето ќе се одвива по електронски пат. Сите членови кои поседуваат електронска членска картичка на СДСМ ќе може активно да се регистрираат и да гласаат на овие втори внатрепартиски избори.

Денеска гласаше претседателот на СДСМ, Зоран Заев во општинскиот штаб во Струмица на вонредните вантрепартиски избори, а по тој повод порака испрати и преку својот Фејсбук профил.

„СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија ја подигна внатрепартиската демократија на највисоко ниво. Членовите избираат претседател на непосредни избори со тајно гласање, со што се поставува нов стандард на македонската политичка сцена.

Денеска гласав на вонредните внатрепартиски избори во општинскиот штаб на #СДСМ во Струмица.

Им посакувам среќа на тројцата кандидати, победникот ќе има чест и одговорност да продолжи да работи за интересите на граѓаните и за доброто на државата“, напиша Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи