Османи: Спорот со Бугарија може да премине во замрзнат конфликт, а Македонија да стане изолирана

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Тема на денот на Сител изјави дека е оптимист дека првата меѓувладина конференција со ЕУ би можела да се одржи и на 31 декември, доколку Бугарија дотогаш го тргне ветото.

Истовемено, тој  стравува дека спорот може да премине во замрзнат конфликт, а Македонија да стане изолирана во европските перспективи.

„Сите се свесни колку е важен 14 декември, но не само 14, бидејќи и до 31 декември може словенечкото претседателство, доколку добие сигнал од Бугарија дека го подигнува ветото дури и на 30 декември словенечкиот министер за надворешни работи може да свика онлајн состанок на министрите и да се одобри и истиот ден да се одржи меѓувладината конференција. Важно е да ги држиме роковите кратки. Мојот страв е дека доколку овој спор премине во замрзнат конфликт, Република Македонија ќе стане изолирана во европските перспективи“, изјави Османи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи