ВИДЕО – Постхумно промовирана книгата-поезија на прилепчанецот Златко Лашкоски – „Мојот пат низ песна“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во киното „Мис Стоун“ во Прилеп постхумно беше промовирана книгата-поезија на прилепчанецот Златко Лашкоски, насловена „Мојот пат низ песна“. Лашкоски и е познат на прилепската и македонска јавност како дел од организацијата на фестивалот за народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“. Првата песна Лашкоски ја напишал далечната 1978 година, а во книгата се собрани и објавени 49 негови песни.

„Одамна јас му велев да ги издади овие песни, но тој сакаше тој дел од личноста да си го зачува само за себе. Кога почина, мојата прва одлука, откако јас го поминав ковидот, беше да ја издадам оваа книга точно на денешен ден кога почина тој и да направиме промоција“, истакна Гордана Лашкоска, сопруга на Лашкоски.

Промотор на книгата беше Слободан Беличански кој истакна дека се работи за песни кои опфаќаат љубовна и родољубна лирика, едноставна и директна, што го погодува срцето на секој оној кој имал среќа да ја чита или слуша оваа поезија.

„Открива една друга негова духовна димензија, ја открива неговата страст за поезијата не само како читач, туку страст тој самиот да создава поезија. Да создава стихови кои истовремено можат да бидат иизрецитирании, естрадно претставени, но и стихови кои како да ги повикуваат аранжерите и композиторите да ги озвучат, да им дадат музичка, инструментално, вокална димензија“, рече Слободан Беличански, промотор на книгата.

Лашкоски 30 години беше дел од Управниот одбор на Фестивалот „Пеце Атанасовски“, а 8 години како секретар на фестивалот.

„И со сите негови големи идеи, како што ни се семинарите, симпозиумите, сиите беа идеи на Златко Лашкоски, кој беше сестран и ја сакаше музиката од сите области, особено изворниот мелос и фолклорот“, кажа Донка Бачанова, член на Управен одбор на фестивалот „Пеце Атанасовски“.

Лашкоски почина лани на 13 декември, како последица од Ковид-19.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи