Раст на онлајн купувањето, мажите повеќе користат интернет од жените во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Согласно последните објавени податоци од Државниот завод за статистика забележителен е растот во користењето на интернет во Македонија и онлајн купувањето во 2021 година.

„Во услови на пандемија, на рестриктивни мерки и забрани за движење и грижа за заштита на сопственото здравје се повеќе граѓаните се свртеа кон алтернативата на традиционалното купување – односно онлајн. Е-трговијата забележува пораст, а навиките на граѓаните се менуваат. Поради методологијата на собирање на податоците од ДЗС (истите се собираат во првото тромесечие од годината), податоците за минатата година не даваа виситнска рефлексија на влијанието на пандемијата врз е-трговијата. Иако се забележува раст од 15.5% во бројот на онлајн купувачи како процент од интернет корисниците, истиот не е значајно поголем во 2021 односно е приближно ист како и минатите години – во 2021 изнесува 46%, додека во 2020 беше 40%  и 36% во 2019. Од друга страна, она што е забележително како влијание на пандемијата е дека дури 84% од направените онлајн нарачки биле кон домашните е-трговци. Што се однесува до менување на навиките може да се забележи удвојување на користењето на е-банкарството и зголемување на учеството на корисници кои се повеќе бараат информации за производи и услуги онлајн“, вели претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска.

Според податоците на „Еуростат”, најмногу интернетот годинава се користел за телефонирање, односно 90,6 проценти, потоа за следење на социјалните мрежи (85,2 отсто) и за размена на пораки преку Скајп, Месинџер, Ватсап, Вибер… (82,3 проценти).

Жените повеќе телефонирале од мажите, односно соодносот е 92,9 наспроти 88,4 проценти. Жените повеќе користеле интернет само во случај кога барале информации поврзани со здравјето, додека во сите останати случаи мажите повеќе го користеле интернетот.

Раст бележи и е-трговијата за 15,5 проценти, според податоците од Државниот завод за статистика. Спроведената анкета во првото тримесечје од годинава во која испитаниците се изјасниле за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува раст, односно 46,3 отсто од интернет корисниците нарачале/купиле онлајн во последните 12 месеци наспроти 40,1 процент во однос на истиот период минатата година.

Како и минатите години, најмногу се купувало облека, вклучително и спортска опрема, а за разлика од порано, сега Македонците најмногу купуваат од домашни е-продавници (84,4 проценти).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи