На денешен ден е роден Нострадамус

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 14 декември во 1503 година е роден францускиот астролог Мишел де Нотр-Дам, познат како Нострадамус.

Мишел де Нотрдам (француски: Michel de Nostredame; 14 декември 1503 или 21 декември 1503 – 2 јули 1566) или попознат како Нострадамус бил француски аптекар и почитуван јасновидец кој отпечатил колекција на пророштва кои брзо станале познати во светот. Најпознат е по неговите „Пророштва“ (Les Propheties), првото издание кое се појавило во 1555 година.

Интересот за делото на Нострадамус, кој е истакната фигура на француската ренесанса е сè уште голем, посебно во медиумите, а на неговите пророштва во некои случаи им се додава библискиот код, или трудовите на некои други пророци.

Дипломирал на Универзитетот во Монпелје и станал лекар. Како лекар се прославил со дезинфекциското средство кое го открил и со кое спасил многу пациенти за време на чумата во Франција. Некои биографи поради тоа го нарекуваат – татко на антисептичката медицина.

Уште од раната младост имал голема склоност кон астрономијата и астрологијата. Неговиот дедо го вовел во овие науки, а го запознал и со кабалата.

Во 1555 година, на 52-годишна возраст, Нострадамус ја објавува својата прва книга центурии. Печатена е во Лион под наслов „Пророштвата на мајсторот Мишел Нострадамус“. Веднаш по излегување оваа книга доживеала голем успех. Во дворецот на Анри II не се зборувало за ништо друго освен за пророкот од Прованса. Сите сакале да се запознаат со него, но најзначајна била поканата од кралот Хенрих II и Катерина Медичи, со која станале големи пријатели.

Алманахот

Алманахот и книгите кои ги пишувал Нострадамус доживеале таков успех, што почнале да се издаваат секакви книги под негово име. Настанала таква збрка, поради која Нострадамус бил огорчен. Се затворил дома, не примал никого, и во 1558 година го издал второто проширено издание на своите центурии, кое го посветил на кралот Анри II, и му напишал едно опширно писмо во кое се вели:

„Можев во секој катрен да го напишам точното време на настаните, но тоа не би им се допаднало на сите. Затоа сè запишувам шифрирано, а не едноставно пророчки.“

Интересни факти

Предвидувањата на Нострадамус се однесуваат на еден долг временски период – од неговото време до 3797 година, после која тој гледа само експлозија и еден голем пожар и ништо друго.

  • Само мал број од стиховите имаат датуми.
  • Катрените не се хронолошки наредени, па често е невозможно некое пророштво да се поврзе со историски настан.
  • Стиховите се преполни со астролошки поими со кои сепак може да се одреди времето на настанот.
  • Се знае дека пишувал барем два или три стиха за одреден настан, иако не се во книгата едни до други.
  • Еден дел од стиховите се изгубени.
  • Постојат многу толкувачи на Нострадамус, а повеќето од нив различно толкуваат дури и еден ист стих кој се однесува на иднината.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи