УХМР: Се намалува водостојот на реките, водостојот на Преспанско езеро 4 сантиметри под апсолутниот минимум

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека нивото на реките денеска во однос на вчера е пониско.

Намален е водостојот на Брегалница и Црна Река, а исто како вчера е нивото на реката Струмица кај Ново Село, додека кај Сушево нивото е пониско за 16 сантиметри. Пониско е нивото и на Вардар кај Јегуновце и Скопје. Единствено повисок водостој за 20 сантиметри е измерен на реката Вардар кај Демир Капија и за пет сантиметри кај Велес.

Водостојот на Преспанското Езеро денеска е на 4 сантиметри под апсолутниот минимум.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи