БЕСА бара предвремени избори по одлагањето на стартот на преговорите со ЕУ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Секретарот на Движењето БЕСА Аднан Азизи преку Фејсбук статус ги повика владејачките партии да отворат пат за предвремени парламентарни избори откако Македонија повторно не успеа да добие датум за отворање на преговорите со ЕУ.

Тој рече дека владата е делегитимирана и дека треба веднаш да се одржат парламентарни избори во Македонија.

„Датум… интеграциите… ЕУ… .процесот нè заглупуваше со празни пароли, а всушност тоа беше да се изнуди опстанок на власта до последен момент. Нема датум – власта е делегитимирана, затоа предвремени избори ден порано, инаку овие можат само да не одведат во бездна“, напиша Азизи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи