ВИДЕО – Тутунарите не се задоволни – Втора година не ограбуваат на вагите, а државата не презема ништо

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Тутунарите не се задоволни со откупните цени на тутунот, каде според министерството за земјоделство просечната откупна цена досега изнесувала 181 денари за килограм, а биле откупени 1,7 милиони килограми. Од новоформираните тутунски здруженија велат дека оваа цена била прениска бидејќи годинава  тутунот бил со одличен квалитет. Според сегашните цени по класи просечната цена не смеела според нив да биде пониска од 220 денари, а според реалните трошоци за живот не смеела да биде пониска од 300 денари.

„Втора година по ред тутунарите се оставени од страна на државата да бидат ограбувани на вагите. Тој игнорантски однос на власта ја доведува во прашање егзистенцијата на 30.000 семејства кои живеат исклучиво од тутун. Замислете ние треба да предаваме килограм тутун по цена од една кутија цигари. Апелираме до единствениот, кој во моментов е фактор во откупот, а тоа е државниот земјоделски инспекторат, преку своите инспектори да бидат присутни секојдневно на терен, да вршат контрола на откупните пунктови и да придонесат за фер проценка“, истакна Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунарски здруженија.

И од Сојузот на земјоделски здруженија не се задоволни од откупните цени. Тие овие денови остварувале поединечни средби со сите 8 откупувачи за да се зголеми цената на тутунот. Се надеваат дека договореното ќе бидело испочитувано.

„Не можеме да кажеме дека сме задоволни затоа прво е почеток на откуп, има преземено мали количини и денеска се отвораа и последните откупни ваги. Ќе следиме деновиве да видиме до каде ќе достигне просечната цена за доколку мислиме дека истата нема да биде задоволителна ние ќе преземеме се што ни дозволува законот против онаа компанија која нема да цени реално“, рече Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Откупувачите имаат потпишано договори за отклуп на 22 милиони килограми тутун, а тутунарите не очекуваат годинава да има повеќе од 20. Така што освен во квалитетниот род шансата за повисоки цени ја гледат и во недостигот на тутун.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи