Кои се Mажите на годината за 2021 во Македонија?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На гала вечерта која се одржа синоќа во DoubleTree by Hilton Skopje, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 13-те најуспешни Мажи во Македонија за 2021 година во организација на Џентлмен Магазин.

  • Сашко Јовев е Маж на годината за 2021 година;
  • Во категоријата Менаџер на годината за 2021 наградата ја доби генералниот директор на Нептун, Горан Цетинов;
  • Наградата за Млад менаџер отиде во рацете на Игор Милановиќ, менаџер за продажба на Huawei во Македонија;
  • Наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе извршниот директор на дигиталната агенција Кара5, Војдан Карапетковски;
  • За Маж со најголем придонес во културата беше избран актерот, продуцентот и директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски;
  • За Маж со најголем придонес во спортот наградата ја доби Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија;
  • Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби доктор Злате Мехмедовиќ, претседател на Македонското здружение на медицина на трудот;
  • Маж со трајни вредности наградата ја доби музичкит новинар и водител, а воедно и еден од најпрепознатливите гласови, Драган Б. Костиќ;
  • Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Борче Стаменов;
  • Наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Ламбро Патче, менаџерот за односи со јавноста и комуникации на Пивара Скопје АД;
  • Специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Дејан Георгиевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи