ВИДЕО – Дали Прилеп ќе стане прва општина во Македонија која ќе субвенционира 100 практиканства за млади?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од Македонија масовно се иселува не само квалификуваната туку и неквалификуваната работна рака. Токму затоа е потребно итно приспособување на младите на потребите на пазарот на трудот и поголема координација помеѓу младите, локалните институции и бизнис секторот. На оваа проблематика се дискутираше на тркалезната маса во Прилеп со наслов „Подобрување на соработката помеѓу младите и локалните институции во насока на зајакнување на вработливоста”, која што ја организираше Коалицијата на младински организации СЕГА. Овој проект се спроведува во Прилеп,Тетово и во Битола.

Овој проект ние како Коалиција СЕГА го спроведуваме во Прилеп веќе втора година во кој што овозможивме досега да вклучиме, барем досега, во процес на обука 54 млади. Од  нив на 17 учесници им помогнавме стручно да се оспособат, да ги продолжат своите вештини и квалификации. 8 учесници обезбедивме да влезат во практична работа, а 15 млади луѓе да се вработат“, истакна Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА.

Целта на СЕГА е Прилеп да стане прва општина во Македонија која ќе обезбеди субвенции за 100 практиканства за локалните млади луѓе, за што има позитивно расположение од општината

„Дали тоа ќе биде со практиканство, дали тоа ќе биде со стимулирање на бизнис секторот за одреден број на млади лица со соодветно образование“, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

 

„И дека конечно не само декларативно туку и формално правно ќе се погрижиме барем да задржиме од она што остана како млади во нашиот град. И не само демографски што сануваме млада нација туку ќе се доведеме и како систем во прашање, затоа што без млад човек, без обновување на работната сила ниту финансиски може државата да издржи, ниту пак на било кој друг начин“, додаде Дејан Проданоски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Наскоро се очекува Прилеп да добие Младински совет, каде младите конечно ќе имаат шанса отворено да разговарат за сите нивни, идеи, проблеми и ставови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи