ИПАРД програмата отвора нови можности за земјоделството и руралниот развој

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД Програмата (2014– 2020) за нашата држава претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој со фокус на имплементација на законодавството на Европската Заедница во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници и разновидна и одржлива рурална животната средина. ИПАРД  е 5-тата компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на ЕУ која цели да обезбеди финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој како подготовка на земјите-кандидати за спроведување на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) и управување со средствата од Европската Унија. Таа е единствена компонента која е насочена кон приватниот сектор поради што е исклучително значајна за националното стопанство и за секторот кој го поддржува.

Од самите почетоци до денес, ИПАРД програмата и нејзината конзистентност со Националната стратегија за земјоделство и  рурален развој, дава значајни резултати особено во следните приоритетни области

  • Зајакнување на одржливоста на земјоделските стопанства и конкурентноста на сите видови земјоделство и примарна преработка на храна
  • Враќање, зачувување и зајакнување на екосистемите зависни од земјоделството и шумарството
  • Промовирање на територијален развој во руралните области
  • Трансфер на знаење и зајакнување на јавната администрација во спроведувањето на програмите за рурален развој.

Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД II Програмата (2014– 2020) за нашата држава беше можност за пристап до фондовите на Европската Унија, и иако постоеа и постојат бројни предизвици за реализација на проекти согласно критериумите на ЕУ, сепак во рамките на ИПАРД II програмата поддржани се околу 2000 проекти насочени кон Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства, Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и Диверзификација на фарми и развој на бизниси. (Мерки 1,3 и 7).

За следење на ИПАРД Програмата формиран е Комитетот за следење на ИПАРД за да ги следи ефективноста и квалитетот на спроведувањето на ИПАРД II Програмата со цел да се постигнат програмските цели. Значаен напредок е направен со вклучување на академски институции, социо-економски партнери и граѓански организации од областа на земјоделството и руралниот развој како членови на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата, со што секој сектор дава свој придонес за постигнатиот напредок во спроведувањето на ИПАРД Програмата, по приоритетна оска и, каде што е соодветно, по мерки или активности.

Достигнатите резултати во спроведувањето на ИПАРД II програмата, ги идентификуваа клучните приоритети при креирањето на ИПАРД III програмата 2021-2027 кои се усогласуваат со Националната Стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027, и се очекува во овој период да се вклучат нови мерки и тоа Мерка 4: Агро-екологија и органско производство, Мерка 5: Спроведување на Стратегии за локални стратегии за рурален развој, Мерка 6: Инвестиции во рурална јавна инфраструктура и Мерка 10: Советодавни услуги. Предлог ИПАРД III програмата 2021-2027 е подготвена и испратена до претставниците на ЕУ, и се чека одобрување во текот на првите месеци од 2022 година за да може навремено да се подготват јавните повици за коистење на финансиска поддршка согласно ИПАРД мерките.

ЛАГ АГРО ЛИДЕР ја има можноста да биде дел од Комитетот за следење на ИПАРД Програмата и континуирано да ја следи имплементацијата на ИПАРД програмата, а особено подготовките за воведување на Мерката “Спроведување на локални стратегии за рурален развој – ЛИДЕР пристап” која се планира да биде достапна во 2024 година, а дотогаш Локалните Акциони Групи ќе може да користат подршка од Мерката 9: Техничка помош, за да ЛАГовите бидат целосно подготвени за користење на ЕУ фондовите за имплементирање на Европскиот ЛИДЕР пристап.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи