Македонските возачки од денеска признаени во Данска

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонските возачки дозволи од денеска се признаени во Данска. Последните информации кои пристигнаа од нашата амбасада во Копенхаген, е дека данските власти, а врз основа на билатералната соработка, донесоа одлука за признавање на возачките дозволи на Македонија.

Ова го соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи преку Фејсбук објава.

„Со оваа одлука, граѓаните на Македонија, кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Данска, веќе од 14 декември ќе можат да управуваат возило со замена на својата возачка дозвола за соодветна данска возачка дозвола, за категорија Б, без услов апликантот да мора да положи контролен возачки испит. Конечното решавање на ова прашање за државјаните на Република Македонија во Данска е од голема важност за нив и се надминува еден деценски проблем што го обременуваше нивниот секојдневен живот таму, имајќи ја во предвид и бројноста на нашата дијаспора во Данска“, напиша Османи.  

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи