Одбележан патрониот празник на основното училиште „Блаже Конески“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Основното училиште „Блаже Конески“ денеска со пригодна програма го одбележа својот патрон празник.  На програма која вработените и учениците ја подготвиле по повод одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески освен градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески присуствуваа и претставници од институциите, ученици, родители и врабатотени во оваа образовна установа.

Ангелка Баракоска, директор на ООУ „Блаже Конески“, рече дека училиштето го карактеризира посебен дух и дека тоа е препознатливо по квалитетот на работата, образовните услуги и постигнатите успеси.

„Оваа година нашето училиште ја помина во знакот на 100 годишнината од раѓањето на овој великан заедно со фондацијата „Небрегово“. Се зборуваше многу за делото на нашиот великан, се зборува и уште многу ќе се зборува. Тоа не прави да бидеме силни и горди што го носиме името на овој великан. Пред нас е предизвикот да вложуваме како тим и од оваа установа да пласираме млади индивидуи кои достојно ќе не претставуваат преку нивните професии и секако ќе раскажуваат за нашето училиште, за нашите вработени кои се секогаш на ниво на професионализам бидејќи без нив нема да сме тоа што сме како институција. Личности кои ќе знаат како да го зачуваат и негуваат светото во нашата татковина“, рече директор на ООУ „Блаже Конески“, Ангелка Баракоска.

Честитајќи им го патрониот празник, градоначалникот Борче Јовчески порача дека чест и привилегија за сите нас, современиците на великанот на македонската култура, јазик и книжевност е да ја одбележиме 100 годишнината од неговото раѓање.

„Конески бил прв претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ. Добитник е на бројни награди во светот. Поетската мисла на Конески е преведена на многу светски јазици и е најголем амбасадор на македонската книжевност ширум светот. Затоа изразувајќи ја мојата длабока почит, испраќам порака дека неговиот аманет не задолжува да го чуваме и негуваме македонскиот јазик затоа што како што кажал Конески „Тој е нашата единствена татковина“. Почитувани ви посакувам уште многу успешни години поминати во оваа зграда, многу успех на учениците и многу успешни генерации на кои сите треба да се гордееме.“, истакна градоначалникот Јовчески

Во знак на почит кон ликот и делото на Конески пред почетокот на пригодната програма со која беше одбележан патрониот празни на ова основно училиште делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Јовчески и од основното училиште положија свежо цвеќе пред бистата поставен аво холот на училишната зграда.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи