ОРМ: Неопходно е дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат вo недела

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), во врска со предложените измени во Законот за работни односи и Законот за трговија, со кои се доуредуваат одредбите за недела како ден за одмор, за кои во тек е процедурата за усвојување во Собранието, смета дека во овој момент е направен добар компромис помеѓу барањата на синдикатите и реалните можности на бизнис секторот, но истовремено укажуваат дека треба да се поведе сметка за евентуално дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела.

„Истовремено укажуваме дека моделот во предложеното законско решение со кој се прави избор и се набројани дејностите во кои поради природата на дејноста и техничко-технолошкиот процес ќе можат да работат и во недела, носи ризик некои дејности да бидат изоставени од таа листа. Затоа сметаме дека уште во текот на собраниската расправа за овие законски измени, како и во текот на имплементацијата на Законот, ќе мора да се води сметка за евентуално дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела. Такви се на пример, дејностите за производство на цемент, каде поради карактерот на технолошкиот процес не може да се прекинува работењето во недела, како и дејноста изградба на патишта и железници, каде поради временските услови може да дојде до прекин на работата во текот на работните денови, а изгубените работни часови да мора да бидат надоместени во недела“, стои во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи