Шекеринска нема да биде дел од новата Влада: Ниту ги научивме лекциите, ниту ги слушнавме пораките на јавноста

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема да биде дел од новата влада.

„Најавив дека ќе се повлечам од раководството на СДСМ поради тоа што не се согласував со дел од политиките. И мислам, можеби сум субјективна, дека дел од тие политики придонесоа за поразот што го доживеавме на локалните избори.

 За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги слушнавме или не ги разбравме.

Затоа мислам дека единственото чесно или принципиелно поведение, единствената чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната Влада“, изјави Шекеринска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи