10 најпопуларни филмови и серии во 2021 година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Филмската база на податоци (ИМДБ) објави листа на 10 најпопуларни филмови и серии во 2021 година.

Најпопуларни филмови:

На прво место е „Дина“,адаптација на научнофантастичниот роман на Френк Херберт. На второ место е „Одредот на отпишаните“, во кој најпознатите негативци се приклучуваат на тајната мисија да помогнат да се запрат уште поголемите негативци.

Следни се: „Вечните“, „Мортал комбат“, „Лига на правдата на Зек Снајдер“, „Годзила против Конг“, „Црна вдовица“, „Армија на мртвите“, „Круела“ и „Шанг-Чи и легендата за десетте прстени“.

Најпопуларни серии:

На прво место е мини-серијата на Марвел „Вандавизија“. На второ место е „Локи“, уште една серија на Марвел. Следни се корејската хит-серија „Игра со лигњи“, „Соколот и зимскиот војник“, „Бриџертон“, „Живи мртовци“, „Мер од Истаун“, „Сенка и коска“, „Кобра Каи“ и „Луцифер“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи