Во населбата Жабино Маало традиционално се прославува празникот „Св. Никола“


Жителите на прилепската населба Жабино Маало и оваа година, еден ден пред празникот „Св. Никола“, со богата  посна трпеза и  топли напитоци и со желби за успех го слават патрониот празник на Прилеп. Годинешни домаќини се Гоце и Александар Стојкоски, кои им го честитаа празникот на сите присутни и порачаа дека чувството е прекрасно и до година да бидат уште побројни.

Домаќин за наредната година се пријави Ракометниот Клуб Прилеп.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и Претседателот на Совет на Општина Прилеп  Дејан Проданоски. Јовчески на присутните им  го честиташе христијанскиот празник Св. Никола посакувајќи здравје, среќа и бериќет во домовите на сите граѓани. Воедно ја искористи приликата да ги покани сите прилепчани за утрешната прослава на патрониот празник на Прилеп.

Одбележувањето на празникот Св. Никола ќе започне во недела 08.00 часот со свечена литургија во Црквата Св. Благовештение, а во 12.00 часот пред Параклисот на Св. Никола во центарот на градот ќе следи водоосветување и прережување на празничниот колач. Во 12.30 часот е предвиден благослов на градската трпеза на плоштадот „Александрија“ пред камената бина, каде се поканети сите граѓани, кои треба да ги почитуваат сите мерки за заштита од Ковид 19. Домаќин e истиот од лани, бизнисменот Тони Тарунџиоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи