ВИДЕО – Митрополит Петар: Патријархот Вартоломеј секогаш е доследен во своите постапки, ако започнал некоја работа тој истата и ќе ја заврши

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вселенскиот Патријарх Неговата Сесветост Господинот Вартоломеј е човек кој што е доследен во своите постапки и тој ако започнал некоја работа тој истата и ќе ја заврши, истакна денеска Митрополитот Петар одговорајќи на новинарско прашање, до каде е процесот на признавање на МПЦ. Владиката Петар е убеден дека наскоро ќе започне процес на признавање на нашата црква, само било прашање на време.

„Може малку да се одложи сето тоа заради условите во кои се наоѓаме, пред се пандемијата, а потоа се разбира и другите состојби кои се случуваат во светот.  Но се надевам дека преку неговата мудрост дека тој ќе преземени во најбрзо време одредени чекори за да ние како народ и како црква православна бидеме исто така како и другите испочитувани затоа што ние не сме расколници, како што не нарекувата некои и сакат такви епитети да ни кажат.

Бидејќи  ние си имаме црква православна, имаме апостолско премство, сме добиле 1959 година од СПЦ исто така законодавна, извршна и судска власт што е битно за една црква да го има тоа и секако дека тие донесле во таа одлука во 6-тата глава дека уставот на СПЦ не важи за Епархиите и Архиереите во Република Македонија, тогаш Народна Република Македонија, а тоа што значи освен самостојна црква која што не греши ништо во каноните.

Потребна е само христијанска љубов од страна на сите, почнувајќи од соседните цркви, а потоа  тоа сето го гледа и набљудува Цариградската патријаршија со Неговата Сесветост Господинот Вартоломеј и дека за брзо ќе започнат процеси околу нашето признавање“, рече Митрополитот Преспанско-Пелагонски, Господинот Петар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи