Сервиси за млади и финансирање

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Предноста на Законот за младинско учество и младински политики наспроти останатите закони во регионот, а кои уредуваат делови од младинската сфера или демократизација на општеството, е во тоа што во засебен дел. Законот предвидува дополнителни услуги односно сервиси за млади со кои би се подобрила општата благосостојба и унапредување на положбата на младите во општеството. Па така во посебно поглавје се дефинираат одговорностите на локалните власти за воспоставување на механизми преку кои ќе ја олеснат комуникацијата со младите и ќе воспостават системски пристап за поддршка за решавање на локалните проблеми на младите. Во таа насока се предвидува во секоја локална самоуправа воспоставување на „Канцеларија за млади“ и „Службеник за млади[1].

Општините, формираат канцеларија за млади од каде се координира работата за млади во општините, и претставува примарна точка за пристап на младите на локално ниво. Општините се должни да одредат службеник за млади, лице одговорно за работењето на Канцеларијата за млади за координирање, спроведување и следење на прашања од интерес на младите во делокругот на надлежностите на институцијата. Службениците за млади изготвуваат годишни извештаи за работата на институциите во делокругот на млади кои ги поднесуваат до Агенцијата за млади и спорт и ги објавуваат на веб – страниците на општините.

За спроведување на програми кои ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, за споделување на информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите е предвидено воспоставување на „Младински Центри“ во секоја единица на локалната самоуправа.Младинските центри се основаат во соработка меѓу општините и младинските форми на организирање регулирани во овој закон. Младинските центри се места каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите.

Важно е дека за воспоставувањето на сервисите за млади се одговорност на локалните самоуправи. Па така, оваа одговорност мора да ја знаат сите чинители во младинската сфера, зошто законот обезбедува крајни датуми за нивно воспоставување.

За да се осигура имплементацијата на законот за младинско учество и младински политики во засебно поглавје се предвидени мерките за финансирање на предвидените тела и механизми. Па така, за спроведување на овој закон од Буџетот на Република Северна Македонија годишно се предвидени да се издвојуваат средства во висина од најмалку 0,3%, а буџетите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје за млади се издвојуваат средства во висина од најмалку 0,1% на годишно ниво.

Во согласност со законот за младинско учество и младински политики следните рокови мора да бидат испочитувани:

  • До април 2020 Агенцијата за млади и спорт, треба да донесе под-законски акти за воспоставување на Регистарот на младински организации
  • До мај 2020 Агенцијата за млади и спорт го воспоставува Регистарот на форми на младинско организирање
  • До јули 2021 владата треба да донесенова Национална стратегија за млади
  • Д јануари 2021 година Општините треба да ги формираат Канцеларија за млади
  • До јануари 2021 Општините определуваат Службеник за млади
  • Дојануари 2021 треба да се формираат Локални младински совети согласно со одредбите од законот
  • Дојануари 2021 Агенцијата за млади и спорт треба да воспостави Истражувачки центар за различни теми поврзани со младите во рамките
  • До јануари 2025 секоја општина треба да овозможи функционирање на најмалку 1 Младински центар на територијата на општината

[1] Ibid. од чл.21  до  чл.24

Автор: Зоран Илиески, Коалиција СЕГА

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи