Учебната година за учениците во основно и средно образиование ќе трае како што е предвидено. Тринеделниот зимски распуст ќе биде во редовниот период, согласно календарот на МОН.
„Се почитуваат протоколите, се штити јавното здравје, а учениците имаат соодветни услови за учење во училиштата. Скринингот направен од Министетството за здравство покажа дека состојбата е стабилна. МОН дневно од сите училишта собира податоци и процентот на нови позитивни случаи не се зголемува повеќе од 0,3, а во последните недели не е ни повеќе од 0,02 проценти. Вкупно, во еден момент, активни случаи со ковид-19 кај ученици со физичко присуство во училиштата никогаш не надмина 0,3 %.
Ова укажува на стабилност на состојбата и дека највисок интерес на децата во моментот е да бидат во училиште“, рече министерката за образование Мила Царовска.
Според Царовска, нема основ учебната година да се прекине порано.
101