Премиерот Зоран Заев денеска во Тирана учествуваше на заедничката прес-конференција со српскиот претседател, Александар Вучиќ и со албанскиот премиер, Еди Рама на која информираа за резултатите од самитот Отворен Балкан.
„Кога ЕУ потфрла, ние имаме обврска постојано и постојано да преземаме иницијативи кои го европеизираат регионот и кои носат подобар, европски живот за нашите народи. Се разбира, сите три земји остануваат посветени на своите одделни агенди и обврски за пристапување во членство во Европската Унија“, рече Заев.
111