МЗ: Ќе почне да им се исплаќа месечен надомест на приватните специјализанти

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство ги информира приватните специјализанти кои започнаа со специјализација од септември 2021 година, дека месечниот надомест ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година.

МЗ информира дека на специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година.

„За првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар.

Претходно приватните специјализанти, за време на специјализацијата работеа без пари.

Освен месечен надомест, од 2021 година, на приватните специјализанти им се плаќа здравствено осигурување и платени им се дежурствата“, пишува во соопштението на МЗ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи