Полицајци и цариници се уапсени во денешната акција на МВР во „Диво Насеље“ во Куманово.
Акцијата се спроведува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а со цел апсење на група која шверцувала амфетамин.
Станува збор за амфетамин кој во Македонија влегол преку Меѓународниот аеродром Скопје.
Покрај во Куманово, акцијата се одвива и на повеќе локации во Скопје.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
90