Честитка од претседателот Пендаровски по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонијa.

„Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, на сите припадници на турската етничка заедница да Ви го честитам 21 декември – Денот на наставата на турски јазик.

Јазикот е душата на еден народ и негово суштинско, идентитетско обележје. Можноста да се зборува, да се добие образование и да се твори на својот мајчин јазик е право на сите етнички заедници во Република Македонија. Нашата земја претставува сплет на религии, култури и етникуми. Живеејќи заедно и празнувајќи го овој ден, упатуваме моќна порака дека одбележувањето и почитувањето на разликите нè сплотува, нè обединува и ги зацврстува и надградува меѓучовечките односи.

Сплотени можеме да ги надминеме сите искушенија со коишто се соочуваме. Нашата цел како држава и понатаму ќе биде градење подобар и поквалитетен живот и подобро општество за сите.

Нека е честит 21 декември – Денот на наставата на турски јазик“, порача Пендаровски во честитката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи