Собранието вчера го изгласа законот за недела неработен ден. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во интервју за „Утрински брифинг“ оцени дека со новото законско решение се унапредуваат работничките права, што е предуслов за мотивиран работник.
„Се радувам што конечно по една година разговори со сите засегнати страни донесовме законско решение со кое ги унапредуваме работничките права. Дури 92 % вработени нема да работат во недела. Исклучоци има во 41 област кои се од суштинска важност за да функционира државата нормално. Рабтниците кои ќе бидат ангажирани во недела ќе добиваат 50 % поголема дневница. Работниците се наш капитал и треба да ги унапредуваме. Треба да имаат баланс меѓу приватниот и работниот живот. Законот ги помина сите филтри што ги засега овој закон“, вели Шахпаска.
132